Таа секогаш има свој јасно изразен став, стил и храброст да ги каже работите онака како што навистина ги мисли – Александра Majestic на гости во Decal Talks. Присутна на интернет сцената долги години и актуелна како блогерка, инстаграм инфлуенсерка, бренд амбасадор па и ТВ водителка.

Прочитајте нешто повеќе за неа, нејзината работа и нејзиниот Топ 3 избор на декали… Ветуваме дека ќе ве инспирира 😉

Како ти помина годинава на креативно ниво? Дали ситуацијата ја зголеми или намали твојата желба за создавање на нешто ново?

Уххх, од каде да почнам?! Минатата година ми беше roller coaster… кој сѐ уште трае. Од креативен аспект имаше доста интересни работи кои ги научив и ги пременив, но далеку од тоа дека ги задоволив своите креативни потреби. Секогаш може повеќе, нели? Но, сега би рекла дека сум во еден период на полнење батерии кои ќе ми требаат за идните планови кои ги имам замислено.

Како гласноговорник на anti bullying интернет движењето, кое е твоето мислење за моменталната ситуација на оваа тема?

Во последно време се дистанцирав од сите актуелни случувања а.к.а. драми, бидејќи, пред сѐ, ми влијае ми влијае многу лошо. Луѓево немаат друг издувен вентил поради ситуацијата, па целата негативна енерија е насочена онлајн. Но, јас стојам на својот став – сајбербулинг е нешто што веќе со години се трудам да го обработувам, и ќе го обработувам на мојата платформа во иднина. Би рекла дека тоа е еден печат за мене како персона, не само на интернетот туку и во real life. Мило ми е што конечно моите колеги се приклучија на тој бран и тие се трудат истото да го обработуваат со нивните следачи. Вистинско време да се крене свеста за последиците од онлајн омраза.

Започна со пишување на блог а продолжи со фотографија, ТВ проекти и беше дел од големи регионални и светски бренд кампањи. Дали има нешто што си сакала да го пробаш како “професија“ но не си имала можност за тоа?

Животна желба ми е да бидам креативен директор на Nike… хахахаа. Се шалам! Да се вратиме во реалноста – би сакала да бидам креативен директор на некој бренд кој верува во современи начини на презентирање и дава простор за креативно изразување.

Неодамна започна серија на бесплатни промоции за мали македонски брендови. Како дојде до оваа идеја и како реагираат бизнисите и публиката на оваа твоја иницијатива?

Искрено гледав слики од Љубљана и секогаш се воодушевувам колку добри локални брендови имаат и го ценат тоа. Купуваат локални производи, почитуваат дизајнерски продукти, итн. Исто така, сакав да дознаам и јас некои македонски брендови за кои не сум знаела. Со купување од локалци даваме придонес кон локалната економија и тоа ме радува. Треба да си го цениме своето и да инвестираме во него! 

Повеќе инвестирање во локален пазар = поголема иновативност!

Колку време во просек дневно поминуваш на интернет и која апликација ти е прва на клик?

Има денови кога не седам воопшто на интернет, дури и го заборавам телефонот дома, но со оглед на тоа што работам нормално е да поминувам доста време на интернет. Си ја тренирам психата во последно време да не седам (безделничам) на социјални мрежи, туку паметно да го користам интернетот, а омилени мобилни апликации ми се Spotify и Instagram. Покрај музика, обожавам и поткасти.

Како би го дефинирала твојот стил на облека, живеење, музика?

Алтернативно. Во био на инстаграм ми стои “SOMETIMES CLASSY, SOMETIMES RATCHET” и подобар опис од тоа не може да има. Јас сѐ што презентирам на социјални мрежи се соодвествува со тоа што ми се случува моментално, онака како што вистински се чувствувам. Главна инспирација ми е музиката и луѓето околку мене. Моментално служам алте афробит музика и топло ви препорачувам да чуете и да го осетите тој позитивен вајб.

Позната си по храбрите промени на својата коса. Кој твој изглед ти е омилен а кој ти бил вистинска грешка?

Ова е многу често прашање во сите интервјуа што сум ги имала во последно време. Сите промени на косата си кажуваат своја приказна. Оваа моментално ми е омилена. А за грешки… ајде, би рекла дека од грешките учиме.

Која е твојата безвременска инспирација кога станува збор за моден стил?

Ријана!

Кои се твоите планови за 2021, кон што ќе ја насочиш твојата енергија?

Мојата енергија во 2021 ќе ја носочам кон слобода на изразување. Што значи тоа – оставаме времето да покаже.

Избери Топ 3 дизајни од decal.mk и поврзи ги со 3 твои фотографии/модни комбинации:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.