Бојан и Андреј се двајцата браќа што стојат позади најпознатото DJ дуо во Македонија – Cyrillic. Млади, енергични, кул и секогаш оригинални, не само што се “виновни“ за сите добри журки кај нас, туку и ја размрдуваат публиката на големите светски музички фестивали.

А како “зависници“ од музиката, голем дел од денот го поминуваат на лаптоп. Па покрај неколкуте прашања, ги замоливме и да изберат Топ 3 дизајни од decal.mk и да ги поврзат со #matching музички траки.

Кога со по еден збор би ги опишале стилот на вашето живеење, стилот на облекување и музика, тоа би биле…

Па ако би ги дефинирале со по еден збор редоследно: hustle , црна, позитивна!

Кое е вашето омилено доба од музичката историја?

Па тоа би било ова доба сега во која живееме и твориме, со цела оваа технологија и достапност до информации, артистите можат многу полесно и подобро да го изразат и реализираат она што го имаат во глава. Со тоа има огромна палета на различни креативни стилови и необични мелодии што во ниедно друга доба не би можеле да бидат креирани.

Кога би бирале песна што би ја слушале на repeat до крајот на животот, тоа би било…

Секако “Доживотно” од Cyrillic :smile:

Најдобрата журка на која сте присуствувале и зошто баш таа?

Најдобра журка на која сме присуствувале како гости е Sziget фестивал во Будимпешта. 7 дневен фестивал со кампинг experience, еден куп активности и секако на сцена суперстар артисти од калибар на : Chemical Brothers, Hardwell, Muse, David Guetta, Rihana, Sia, Manu Chao, Travis Scott итн. Препорачуваме!

Апликација на која поминувате најмногу време?

Инстаграм тоа и двајцата, сигурно! 🙂

Дали постои парче технологија што отсекогаш сте сакале да го поседувате?

Па парче технологија кое што сѐ уште не го поседуваме а би сакале, е можеби незаменливиот Moog ONE Polyphonic Analog Synthesizer.

Колку време во денот поминувате на лаптоп?

Со оглед на тоа дека поголем дел од работара и нашата активност онлајн ја правиме преку лаптоп, можеби во просек по 5h дневно.

Какви модели на лаптопи имате?

Моментално имаме два лаптопи, Macbook Pro и Macbook Air што ги користиме и неколку други што фаќаат прашина. 🙂

Дали имате стикери на лаптопите и ако да кои ви се омилени?

Да имаме многу различни стикери, омилени секако нашите Cyrillic  и стикерите на Dreadpen.

Изберете топ 3 декали од dekal.mk и поврзете ги со траки што ве потсетуваат на истите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Black Friday! Само на 27.11 сите дизајни по цена од 500 денари!