Таа е една од најактуелните модни инфлуенсерки во Instagram светот кај нас. Креативна, позитивна и екстра природна, Александра Шијакоска со сигурност може да се пофали дека ја поседува титулата на инфлуенсер со најимагинативни фотографии.

Она што ја прави оригинална и уникатна е нејзиниот личен печат и ефект што го остава на работите што ги прави, допирајќи до публиката на непосреден и опуштен начин. Од неодамна го лансираше и својот бренд за street wear и е исклучително горда на овој свој потег. Низ краток муабет дознаваме нешто плус за неа а како наш втор гостин во Топ 3 на Decal Talks, ќе направи и комбинации на 3 омилени декали со 3 нејзини фотографии.

Што беше најтешко во целиот процес на лансирање на сопствен бренд?

Можеби тоа што тројно ми се зголемија обврските и се соочив со недостаток на време. Тука е и фактот што на почеток мора сѐ да правиш сам, а немаш никакво искуство. Среќа во тој процес сретнав неколку добри луѓе кои ми помогнаа да се соочам со сѐ.

Дали имаш моден идол и ако да, кој е тоа?

Имам животен пример за успех. Chiara Ferragni и Викторија Бекам.

На која позната личност би сакала да ги погледнеш своите модни парчиња?

Повеќе сакам да ги гледам на девојки кои ме сакаат и поддржуваат.

Од што би се состоел аутфитот што би бил одличен за деловен состанок, дејт и опуштено дружење со пријателите?

Oversized одело искомбинирано со обична маичка и бели патики. Сега и засекогаш 😁

Дали можеш да кажеш за себеси дека си “зависник“ од технологија?

Па мислам дека сите сме. Таков е новиот начин на живот. Некогаш знам да го тргнам на страна и да уживам во други работи. Најсреќна сум кога телефонот го заменувам со книга, што за жал во последно и немав баш време за тоа.

Колку време во денот поминуваш на лаптоп и за што најмногу го користиш?

Да бидам искрена цело време сум во движење и гледам што можам да завршам преку телефон. Најмногу го користам за слики, мејлови, средување и организирање на документи. И за слушање музика, што и да правам низ дома во позадина имам музика на лаптоп.

На која апликација поминуваш најмногу време?

Инстаграм

Дали имаш залепено стикери на лаптопот?

Немам но би сакала. Секогаш сум ги забележувала лаптопите со стикери и сум се прашувала каква приказна се крие тука. 

Избери топ 3 декали од decal.mk и искомбинирај ги со омилените твои фотографии…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.