Најубавото годишно време е пред нас а ова значи промена на толку многу работи. Денот е подолг, сонцето е потопло, гардеробата е полесна и енергијата е попозитивна.

А промена на сезона не значи само промена на твојата гардероба, туку и на онаа на твојот лаптоп 🙂

Ако досега имаше декал со темни бои или зимски мотиви, време е да почнеш да размислуваш за промена на некој нов со пролетен дизајн што ќе биде одличен аксесоар на твоите пролетни фото сетинзи. А ако твојот лаптоп сѐ уште изгледа сиво и монотоно, тогаш дефинитивно треба да го посетиш decal.mk

Ние сме овде да ти помогнеме околу изборот и да ги прелистаме најдобрите колекции на дизајни за новата пролетна сезона.

Outline Faces

Дизајните со исцртани ликови се вистински хит во последниот период. Како урбан постер на ѕид, принт на облека или фенси маникир, ваквиот изглед може да му даде супер кул и модерен изглед на твојот лаптоп.

На decal.mk можеш да го најдеш нашиот нов дизајн во оваа колекција.

Flowers

Што “вреска“ повеќе пролет, отколку цветни дизајни? Според нас никогаш нема да биде клише и бесмислено ако флоралниот принт го искористите во буквално сѐ што носите на и со себе на пролет. А како нов омилен аксесоар, твојот лаптоп може да биде стилизиран со налепница со нежен и романтичен дизајн.

На decal.mk можеш да ја погледнеш целата Flowers колекција, а ние овде ти го претставуваме Pink Flowers дизајнот.

Watercolor

Исто како и outline, и watercolor дизајните се сѐ поприсутни кога станува збор за декорирање на домот, модата и аксесоарите. Нашата watercolor колекција содржи доста дизајни кои со сигурност ќе ти дадат чувство на свежина, сонце и женственост.

Сигурни сме дека твојот лаптоп со ваква налепница ќе изгледа шик и сочно. Побарај го новиот Watercolor Butterflies дизајн како и останатите од оваа колекција на decal.mk.

Се одлучи за дизајн? Одлично, сега трк во нашата е-продавница и нарачај го твојот нов пролетен декал. Твојот лаптоп ќе изгледа топ и стилски, знаеме 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.