Услови и правила за купување

Цените на сите производи на www.decal.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.

Decal.mk го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

При нарачка на производ од www.decal.mk, задолжително е оставање на точни податоци за наплата и испорака.

Купувањето можете да го остварите со следните платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro.

По успешно направена нарачка се испраќа e-mail на адресата што ја имате наведено, за потврда на нарачката.

Политика за испорака

Сите производи се изработуваат по примање на нарачката. Производите не се на залиха.

Времето на испорака на производите е помеѓу 3-8 работни дена.

Цената за испорака на нарачаните налепници варира во зависност од локацијата. Цените за испорака се: 100 денари во Скопје и 150 денари надвор од територија на град Скопје, во рамките на Р. Македонија.

Доколку при нарачката на посакуваниот производ сте се одлучиле за опцијата “Лично превземање на производот“, истиот можете да го превземете од Ул. Антон Попов (Огњан Прица) бр.1 од 10:00-17:00 часот секој работен ден.

Испораката се врши преку надворешна курирска служба.

Доколку сте оставиле погрешни информации за испорака при правење на нарачката и поради тоа испораката е неуспешна, трошокот за враќање и повторна испорака на пратката на нова адреса е ваш.

Доколку сте исконтактирани од курирската служба за достава на производот но истиот не сте го преземале на време и е вратен кај испраќачот (www.decal.mk), трошокот за враќање и повторна испорака на пратката на нова адреса е ваш.

Политики за враќање на нарачката

Производот можете да го замените/вратите доколку дизајнот и/или димензијата на налепницата кои се испорачани се разликуваат од наведените во вашата нарачката.

Враќање на производот се врши и доколку производот е оштетен при достава со претходно испраќање на фотографија од налепницата најдоцна 1 ден по преземање од курирската служба.

Во случај на внесување погрешни информации за лаптопот во нарачката од ваша страна, не вршиме замена/враќање на производот.