Подобрете ја репрезентативноста на вашата компанија со унифициран изглед на работните лаптопи. Без разлика дали сите членови на тимот се на едно место или не, брендираните лаптопи ќе го оддржат тимскиот дух и поврзаноста помеѓу колегите. Не е важно колку различни модели на лаптопи имате во тимот, со нашите налепници сите лаптопи ќе изгледаат идентично, уникатно и претставително.
ЗОШТО ДА БИ ЗАЛЕПИЛЕ НАЛЕПНИЦИ ЗА ВАШИТЕ ЛАПТОПИ?
долготрајни
Налепниците се изработени од специјална трослојна фолија за аплицирање на мазна површина. Истите не се оштетуваат и не го губат својот сјај и интензитет на боја.
СЕ аплицираат лесно
Сѐ што ти треба за да ја залепиш налепницата на твојот лаптоп е да ја наместиш добро на краевите и полека да ја измазнуваш со дланката, ленир или картичка како што ја аплицираш по површината.
се отстрануваат лесно
Ако веќе залепената налепница ти здосади и сакаш да ја замениш со друга, само одлепи ја со силно влечење на краевите. Пребриши со влажно марамче и нема да остане никаков лепак.
адаптирани за вашиот лаптоп
Секоја налепница се адаптира според карактеристиките на вашиот лаптоп со засеци, заоблувања или испакнатини.
водоотпорни и штитат од гребење
Фолијата од која се направени налепниците е водоотпорна и истата не се греби, што го прави лаптопот заштитен и сигурен од надворешни влијанија.
УНИКАТЕН ИЗГЛЕД
Целиот тим ќе биде вистински репрезент на компанијата со уникатен изглед на својот лаптоп. Ставете ја пораката што сакате сите да ја приметат заедно со вашето лого и со сигурност ќе привлечете внимание.