Каде можам да ги добијам нарачаните производи?

Сите производи се отпечатени по нарачката. Ние не држиме производи на залиха.
Процесот на добивање или испорака на производите е помеѓу 3-5 работни дена. За тоа време ќе бидете информирани за процесот и ќе добиете порака (на пример, твојата нарачка е подготвена и патува накај тебе.).

Од каде можам лично да ја превземам мојата нарачка?

Доколку при нарачката на посакуваниот производ сте се одлучиле за опцијата “Лично превземање на производот“, истиот можете да го превземете од Ул. Антон Попов (Огњан Прица) бр.1 од 10:00-17:00 часот секој работен ден.

Може ли да ја сменам или да ја откажам мојата нарачка?

Нарачката можете да ја замените/вратите само доколку дизајнот и/или димензијата на налепницата се разликуваат од наведените во нарачката или доколку производот е оштетен при достава. Во случај на внесување погрешна димензија во нарачката од ваша страна, не вршиме замена/враќање на производот.