Годинава можеби имаше тежок старт…и средина, на многу од работите што долго време беа одложувани конечно им дојде редот.

Признајте, 2020 е година на промени, година во која решивте да живеете поздраво, да направите апдејти во домот или да експериментирате со изгледот и стилот. И без разлика дали размислувате за обнова на некое парче мебел или пак за освежување на гардероберот, ова се неколкуте трендови кога станува збор за палета на бои што треба да ги имате во предвид.

Лајм зелена

Ни престои енергична есен и зима со смели комбинации со оваа лајм зелена или резеда зелена нијанса. Ако претходната сезона бевме фокусирани на темни црвени и портокалови нијанси, време е за посвеж пристап.

Ретро патерн

Ние обожуваме ретро патерни. Сите тие вибрации од 50тите и 60тите знаат да дадат посебен сјај и шик кој не остава никого рамнодушен. Па, изгледа дека 2020 е година кога геометриските ретро патерни се враќаат во игра. Шал со ваков принт, софа перничиња со добра комбинација на бои, постер за на ѕид или налепница за лаптоп…нема да згрешите ветуваме.

Декоративни 80ти

Ракавите со голем волумен некако и го најавија овој тренд. Ако заборавиме на мејк ап трендовите од 8отите, оваа ера ни донесе и шик стилови кои врескаа индивидуализам. Колоритни и макси декорации, светкави елементи и мнооогу накит. Што мислите сега за ова? 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.